Министерката за финансии Нина Ангеловска е една од седумте жени претприемачи во светот, избрана за „Жена-амбасадор на е-трговијата“ од страна на Обединетите нации (ОН). Во рамки на 74-то Генерално Собрание на ОН, кое се одржува од 23 до 26 септември во Њујорк, Ангеловска ќе биде промовирана како една од првите „жени-амбасадори на е-трговија“.
Станува збор за исклучително и уникатно признание кое го доделува телото на ОН за трговија, инвестиции и развој УНКТАД (Конференција на ОН за трговија и развој), во рамки на иницијативата „Е-трговија за сите“.
„Жените-амбасадори на е-трговија“ ќе им се придружат на светските лидери во разгледувањето на досегашните резултати од имплементацијата на Агендата 2030 – Цели за одржлив развој на Обединетите нации и ќе дискутираат за унапредување на оваа агенда.
Comments are closed for this post.