Ребалансот на Буџетот за 2019 кој е веќе во собраниска процедура е дел од генералната заложба на СДСМ да враќа што повеќе пари кај граѓаните.
Со измените и дополнувањата на Буџетот 2019 година вкупните приходи се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228,3 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со буџетот, односно истиот е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари, односно 2,5% од БДП, се наведува во соопштенето на СДСМ.
По долги години, Ребалансот на Буџетот се прави не за зголемување на буџетскиот дефицит, туку напротив, дефицитот останува на планираното од 2,5 отсто, што е историски најнизок во изминатите 10 години.Во услови на незначителни промени на иницијалните проекции кај приходната и расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија, ревидирањето во суштина се однесува на:Намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, особено кај проекти финансирани со странски кредитни линии; реалокација на средства помеѓу буџетските корисници; ревидирање на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки.На овој начин, преку ребалансот уште еднаш укажуваме дела без разлика на потребите ако институциите не покажат капацитет за домаќинско работење, средствата им се укинуваат, а следната година тие нема да им се надоместат, туку ќе им бидат ставени на располагање на поуспешните и оние кои се подготвени да ги реализират истите.За 200 милиони денари се зголемува државната помош во Фондот за иновации и Агенција за странски инвестиции.Ова се дополнителни 3,3 милиони евра назад кај компаниите. Ова е потврда дека Планот за економски раст преку воспоставените механизми за поддршка на домашните и странски компании, дава резултат. Планираниот буџет не само што е целосно потрошен, туку преку дополнителните средства продолжуваме да ги поддржуваме инвестициите на компаниите на транспарентен начин, без скриени договори како во минатото.Обезбедени се дополнителни 200 милиони денари за активни политики и мерки како поддршка на вработувањето, во кои е вклучена и новата мерка за поддршка на младите во производството. Како и 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за оние претпријатија кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра или 6.000 денари.Обезбедивме и средства за реализација на една од клучните мерки. 300 милиони денари се издвојуваат за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните. Оваа мерка ќе обезбеди приход плус во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ, ќе влијае врз зголемување на потрошувачката и наплатата на ДДВ, но и ќе влијае врз намалување на сивата економија.
Comments are closed for this post.