Патничкиот воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во близина на село Ногаевци, општина Градско, синоќа во 18:40 минути удрил во едно лице кое починало на самото место.
Како што информира СВР Велес, според пронајдените документи е утврдено дека се работи за 23- годишниот А.И. од Пакистан. Со него бил и 30-годишниот Р.М., исто така од Пакистан, кој е предаден на полициски службеници и однесен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Велес.
Comments are closed for this post.