Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот светски тенисер открива дека минале низ многу тешки моменти во текот на неговото созревање и пробив во врвот.

Проблемите најмногу биле финансиски бидејќи немале доволно пари да го праќаат на врвни турнири. Затоа таа морала да роботи во ресторанот на Копаоник додека со Ноле патувал таткото Срѓан.

 

Тоа се одразило на Ноле и во еден период размислувал да се откаже од тенисот.

 

На 11 години се двоумеше дали да продолжи со тенисот или не. Разговаравме и тој самоуверено рече дека сака да продолжи. Ние му рековме дека ќе бидеме со него и дека ќе му пружиме се што можеме. Така и беше-се присетува Дијана.