Стевчо Јакимовски излезе од куќен притвор. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укинал мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост.
Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор, велат од судот.
На поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Судот му одреди мерка куќен притвор во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Comments are closed for this post.