Плејмејкерот на Шпанија, Рики Рубио, е прогласен за најдобар играч на Светското првенство во кошарка што се одигра во Кина. Новиот кошаркар на Феникс санс, одигра одличен турнир во кој беше вистински лидер на својата селекција.
Рубио турнирот го заврши со просек од 16,4 поени, шест асистенции и 4,6 скокови по натпревар. Неговата игра беше на особено високо ниво во клучните моменти, односно во втората рунда и во елиминациските натпревари. Така, Рубио во последните четири натпревари на првенството го заврши со 19, 19, 19 и 20 поени.
Покрај Рубио, во најдобрата петорка на првенството се најде и неговиот колега од шпанската репрезентација, Марк Гасол, за Богдан Богдановиќ од Србија, Еван Фурние од Франција и Луис Скола од Аргентина.
Богдановиќ со најмногу поени
Бекот на Србија, Богдан Богдановиќ, е кошаркарот со најмногу постигнати поени на Светското првенство. Богдановиќ турнирот го заврши со вкупно 183 поени, што е за само еден постигнат поен повеќе од второпласираниот во оваа статистика, Пети Милс од Австралија.
Сепак, овие постагнати поени, не беа доволни за Богдановиќ да има најдобар поентерски просек на првенството. Таа чест му припадна на Кореецот Гуна Ра, кој првенството го заврши со 23 поени по натпревар, за разлика од најдобриот играч на Србија, кој имаше просек од 22,9 поени по натпревар.
Третото и четвртото место го поделија Пети Милс (Австралија) и Кори Вебстер (Нов Зеленд). коишто имаа просек од 22,8 поени.
Comments are closed for this post.