Во Токио падна снег среде лето?! Не е лажна вест, ниту климатските промени си поиграа, туку станува збор за подготовки за летните Олимписки игри во Токио во 2020. Олипискиот комитет на Јапонија се подготвува на сите да им угоди, па летни горештини колку е можно да гу ублажи. Деновиве е испорбан системот за исфрлање вештачки снег кој треба да ја разлади пуибликата, туристите, па и спортистите.
На една од пробите фрлени се 300 килограми вештачки снег а сведок беше Би-би-си за време на еден натпревар во кајак.
Така, во Токио, каде температурите одат до 35 Целзиусоци степени, ќе видиме многу технолопки иновации – од ладење со снег, користење пиедестали со рециклиран материјал, па се до електронски медали.
Comments are closed for this post.