Премиерот на Чешка Андреј Бабиш денеска во Прага изјави дека не гледа причина зошто неговата земја би го повлекла признавањето на Косово.
Бабиш го изјави ова на заедничката прес-конференција со премиерите на земјите од Вишеградската група, коментирајќи ја најавата на чешкиот претседател Милош Земан дека тоа прашање ќе го постави за еден месец, на средбата на уставните власти во Прага.
Изјавата и мислењето на Земан не е ништо ново, рече Бабиш, истакнувајќи дека претседателот на Чешка тоа го кажува уште од 2013 година.
Дефинитивно ќе разговараме за тоа, иако не гледам причина зошто Чешка би го сменила својот став за ова прашање, рече Бабиш.
Чешкиот претседател Милош Земан вчера во Белград изјави дека за еден месец, на состанокот на уставните власти во Прага, ќе го постави прашањето за тоадали е можно да се повлече признавањето на независноста на Косово.
Comments are closed for this post.