Словенечка телевизија му даде отказ на спортски новинар кој криумчарел мигранти од Пакистан.
Новинар на водечката комерцијална телевизија ПОП-ТВ е притворен откако полицијата минатата недела во неговото возило открила четворица мигранти од Пакистан.
„Изразуваме жалење поради тој настан. За постапката на нашиот новинар од спортската редакција надвор од работното време не бевме известени, а не знаеме ниту за евентуалните лични околности во кои се нашол“, соопшти ПОП-ТВ.
Новинарот, чиј идентитет не се открива, добил отказ и му се заканува казна затвор до пет години.
Локалните медиуми наведуваат дека тој почнал да се занимава со криумчарење илегални мигранти поради финансиски проблеми
Comments are closed for this post.