Оригиналниот шлем на Дарт Вејдер, маска и комплетниот оклоп за рамена од филмот „Војна на Ѕвездите – Империјата го возвраќа ударот“ беше прикажан во Калабасас, Калифорнија, пред најавената продажба на аукција.
Очекуваме понуди од целиот свет за шлемот, објасни Брајан Чајнс, раководител на аукциската куќа „Профили на истријата“. Тој додаде дека вредноста би се движела помеѓу 250 до 450 илјади долари само за шлемот, а дополнително оклопот би достигнал цена од 60 до 80 илјади долари.
Според важноста на предметот и неговата реткост за колекционерите ова е очекувана цена. Чајнс експонатот го опиша како „исклучително редок“ и само неколку за кои се знае дека се во приватна сопственост.
Филмот премиерно прикажан во 1980 беше вториот дел од првата трилогија од „Војна на Ѕвездите“, франшиза која доживеа извонреден успех од нејзиниот старт во 1977 година.
Предметот ќе биде достапен на аукцијата „Икони и легенди на Холивуд“. Меѓу другото на аукцијата ќе биде ставен и фустанот на Дороти од „Волшебникот од Оз“, фустанот што го носи Кејт Винслент во „Титаник“ и оригиналниот сет на познатите тркалезни очила на Даниел Редклиф од „Хари Потер“.
Аукцијата е закажена на 25 и 26 септември и се очекува да достигне повеќе од 10 милиони долари.
Comments are closed for this post.