Доколку во Велика Британија се одржи нов референдум за останување на земјата во Европската унија, Брегзитот нема да има успешен резултат покажува анкета спроведена меѓу британските граѓани.
Оваа анкета, спроведена по нарачка од Европскиот парламент, покажува дека најмалку 52 орсто од Британците сега би гласале да останата дел од европското семејство. 34 проценти од анкетираните изјавиле дека повторно би избрале Брегзит, додека 11 отсто се неопределени.
На официјалниот референдум за истапување од Унијата спроведен во 2016 година, граѓаните на Велика Британија гласаа за излез од ЕУ со мнозинство од 52 отсто.
Податоците од од оваа анкета се објавени во време кога европските лидери се подготвуваат да се сретнат на важен самит во Брисел и кога разговорите меѓу Лондон и ЕУ повторно наидоа на ќорсокак поради проблематичното прашање со ирската граница.
Тој договор треба да биде ратификуван од двете страни пред Британија да ја напушти Унијата на 29 март следната година.
Comments are closed for this post.