Берзата во Хонг Конг направи неочекувана понуда да ја купи берзата во Лондон за десетици милијарди долари, објавија „Фајненшл тајмс“ и „Блумберг“. Вредноста на договорот е 32 милијарди фунти (околу 36 милијарди евра). Тоа е 20,45 $ по акција. Доколку се склучи таков договор, тој би бил најголем во историјата на берзата. Берзата во Хонг Конг, една од најважните во светот, веќе е сопственик на Лондонската метална берза
Предлогот дојде во време кога Кина се обидуваше да ги ублажи ефектите од економското забавување и трговската војна со САД.
Comments are closed for this post.