Спелеолошкиот објект Киселичка пештера што се наоѓа на подрачјето на општина Делчево, во селото Киселица, согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање неодамна ја прогласи за природна реткост.
Согласно со решението за прогласување за природна реткост, со неа ќе управува Општина Делчево, од каде информираа дека, освен оваа природна реткост, во тек е постапка за заштита на уште два локалитета.
Наша цел ќе биде да се спречи нејзино оштетување, уништување, како и да се спречи извршување на други активности, од страна на физички и правни лица со кои директно или индиректно може да се загрози природната реткост. Освен за оваа природна реткост, во тек е постапка и за локалитетот кај Стамер кое е познато палеонтолошко наоѓалиште на пикерминска фауна, како и карактеристичниот геолошки профил кај Звегор, информираа од Општината.
Comments are closed for this post.