Кратење по 15 проценти од плата во рок од шест месеци е вкупната казна која од страна на неготинската гимназија му е изречена на професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на својот син, кој во тоа време бил на екскурзија надвор од државата.
Шест месеци казна од плата за професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на својот син
Како што потврдија за МИА од училиштето, дисциплинската комисија формирана за овој случај и составена од тројца членови и нивни заменици, сите професори, одлучила професорот да се казни со одземање на 15 отсто од плата во рок од три месеци.
Но, тоа беше одлука на Комисијата која одлучуваше врз основа на расположливите податоци само за овој случај, а директорот имаше право да ја прифати таа одлука или да ја дополни. Бидејќи согласно на закон последната одлука околу казната е на директорот, кој пак имаше предвид дека истата личност е казнувана и лани, кога имаше писмена опомена и одземање на класно раководство, па веќе не може да помине со најблагата казна, тој одлучи казната да биде 15 проценти од плата, но во рок од шест месеци. Така е според правилниците според кои се раководеше, изјавија од училиштето за МИА.
Comments are closed for this post.