„Јас сум крал“ е познат бренд на пури, а основач е Ристе Ристевски, Македонец кој е роден и живее во САД. Како што вели идејата за овој бизнис потекнува од страста која што ја имал за пушење пури. Што се однесува до името, одговара :
Кое друго име би сакал некој Македонец да го застапува во светот освен “Јас сум Крал”?
Александар беше од Македонија и тој освои голем дел од Европа и од Азија, а „Јас сум Крал“ се обидува да го направи истото.
Овој бренд станува се попознат во одредени кругови во светот, а особено во Азија. “Јас сум крал“ е достапен во САД, Холандија. Шведска, Германија, а се работи на пробивање и на други пазари, како Норвешка, Белгија и Обединетото Кралство.
Во однос на симболите и имињата кои се употребени како дизајн на цигарите, сопственикот вели дека уметничката работа е базирана од македонската историја и уметноста на фолклорната култура.
Comments are closed for this post.