Мерката плаќање на придонесите во компаниите што ќе ги зголемат платите на работниците, се уште ја бранува јавноста и предизвикува бурни рекации. Според едни, со оваа мерка газдите ( доколку давале плата во плик) наместо да бидат казнети, сега се наградуваат. На овој начин се ставаат во нерамноправна положба, сите оние кои до сега го почитувале законот, односно велат дека оваа мерка не е позната пракса во економиите во другите земји, дека мерката е анти пазарна и не е логична.
Според, власта пак со оваа мерка, ќе се зголемат платите, ќе се намали сивата економија, ќе се задржи кадарот во земјава и ќе има поголем прилив во Пензискиот фонд. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска вели дека младите заминувале во развиените земји и еднинствен начин да останат е да се обезбедат подобри услови за живот. Законското решение за субвенционираниот раст на платите во приватниот сектор е поставено на ЕНЕР, уште е предмет на дискусија пред да влезе во Парламент, и како што вели Анѓушев, добредојдени се сите забелешки.
Тој закон практично е исто така една инвестиција, може не капитална, материјална, туку во човечкиот капитал во државата. Сакаме да бидеме партнери на компаниите да им помогнеме да најдат начин како да ги задржат своите вработени да ги зголемат платите бидејќи тоа е предизвик и компаниите иако некојпат тоа го сакаат меѓутоа нивната ликвидност и маргина која што ја имаат тоа не им го дозволува. Сакаме да им помогнеме тоа поинтензивно да го направат со цел да ги задржиме во државата нашите луѓе, изјави Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.
Од Комисијата за финансии на ВМРО ДПМНЕ велат дека поддршка на пораст на плати е уште еден не пазарен и контроверзен проект на Владата на Заев и дека бизнис заедницата нема да учествува во овој проект со кој владата ќе доживее фијаско.
Најпрво, ваква пракса нема никаде во светот. Оваа мерка нема економска туку единствено политичка цел односно притисок врз приватниот сектор за зголемување на платите во услови кога продуктивноста на македонската економија опаѓа. Оваа мерка не е својствена за пазарна економија која со години ја градиме и развиваме. Единствена намера е купување гласови пред претстојните парламентарни избори.
Aдминистрирањето на овој проект е навистина комплицирано. Дополнително, ќе се финансираат и високи плати, бенефит ќе можат да остварат и високо профитабилни фирми каде платите се веќе високи.
Владата не предвидела услов за не намалување на платата по истекот на периодот на субвенционирање, што значи дека фирмата ќе може слободно да ја намали платата веднаш штом запрат субвенциите. Не логично и контроверзно, односно очигледно проект кој треба да даде резултат пред избори. Владата со Ребалансот на буџетот за 2019 година буџетирала 400 милиони денари или 8 милиони евра. Се разбира добро е што и овие пари нема да бидат искористени, односно бизнис заедницата нема да учествува во овој проект. Проектот Субвенционирање на придонеси за поддршка на пораст на плати ќе биде едно големо фиаско и голем пораз на Влада на Зоран Заев. Бизнис заедницата ќе го отфрли, затоа што нема никаква економска логика, не е пазарен туку единствено популистички проект, велат од Комисијата за финансии
Од Стопанска комора на Македонија за Пресинг Тв за Ребалансот на Буџетот велат дека so оваа мерка ќе се поттикне продуктивноста на компаниите и ќе се подобри севкупниот деловен амбиент.
Што се однесува до предвидената мерка со Буџетот за субвенционирање на придонеси за покачување на платите на вработените за 6000 денарикоја меѓу другото има за цел и да се подржат компаниите кои се соочуваат со потешкотии за наоѓање и задржување на стручен кадар, оценка на бизнис заедницата е дека на тој начин ќе се направат обиди да се поттикне и продуктивноста на компаниите што е основа за економски раст. Истовремено и да се привлече и обезбеди поквалитетна работна сила. Ако се има во предвид дека една од целите на мерката е и сузбивање на сивата економија и давањето плати во кеш, во насока на зголемување на средствата во пензискиот фонд, што претставува услов за иден раст на пензиите, за очекување е дека стопанството и бизнис секторот преку ваквите мерки ќе се надеваат на подобрување на севкупниот деловен амбиент.
За мерката стигнаа критики и од советникот на поранешниот министер за финасии, Драган Тевдовски. Бранимир Јовановиќ притоа потенцираше дека мерката нема да чини 40 милиони евра, туку дека мерката ќе чини 120 милиони евра, зашто ќе трае 3 години.
Comments are closed for this post.