Законот за специјалното јавно обвинителство треба да се почитува се додека не се донесе нов, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети по вчерашната седница на централното претседателство.
ДУИ има цврст став дека треба да се почитува Законот за специјално обвинителство и да се постапува во согласност со Законот за обвинителството, договорен меѓу сите страни, актери во првите настани од пред три – четири години што се случија во земјата и ние бараме овој Закон да се почитува. Секое отстапување од овој Закон има последици по земјата и правниот систем на нашата Република. Мислам дека овој развој нема да има влијание и последици врз добивањето датум за преговорите со ЕУ, изјави Ахмети.
Comments are closed for this post.