Членството на Црна Гора во НАТО значително го зголеми приливот на странски инвестиции во таа земја, а речиси половина од оние што пристигнаа во 2018 година беа од државите членки на Алијансата, изјави денеска Милош Јовановиќ, директор на Агенцијата за промоција на странски инвестиции.
„Приливот на странски инвестиции се зголеми за околу 30 проценти за 2018 година во однос на 2017 година, додека приливот на странски директни инвестиции од земјите членки на НАТО се зголеми за дури 64 отсто, што претставува голем пораст во однос на 2017 година, посочил Јовановиќ, пренесува порталот ЦдМ.
Comments are closed for this post.