Зоран Заев, „главата на октоподот, главата на државната мафија“, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век. Јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен закон за ЈО, ниту да се расчисти со високата корупција во која што се вмрежени и администрацијата и правосудството, рече денес на прес-конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај“, рече Стоилковски.
Тој притоа посочи дека нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители, потоа за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани, за партизацијата со „Мрежа“, за злоупотреба на фондови.
„Нема разрешница за „Тополки“, нема разрешница за „Леонардо“, нема разрешница за „Рекет“. Едноставно, нема разрешница за ниту ниеден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми. Сега за „Рекет“, претходно за „Леонардо“, пред тоа за корупција и уценување во парламентот.
Наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија. Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон“, истакна Стоилковски.
Тој посочи дека граѓаните и Република Македонија не смеат да бидат жртви и не смеат да бидат казнети заради криминалниот клан на Зоран Заев.
Се предлага амнестија за учесниците во „Рекет“
На новинарско прашање дали има напредок за предлог-законот за Јавното обвинителство, Стоилковски рече оти ако имало напредок за тоа ќе било соопштено пред се од власта која што предлага еден таков закон.
„Јасно е дека се жртвува европскиот напредок на Република Македонија бидејќи ниту во јуни не беа исполнети оние цели за кои што Зоран Заев лажеше дека не постоеја минатиот јуни кога велеше дека сме добиле датум. А, тука беше јавната администрација, правосудството, справување со корупцијата, високата корупција и криминалот. Апсолутно сето тоа е вмрежено, гледаме дека е вмрежено во октоподот на државната мафија која што сега исто и е на површина со случајот „Рекет“. Во него се и правосудството кое што беше услов со јавното обвинителство, во него се и администрацијата која што учествува преку функционери државни во оној „Меѓународен сојуз“ во кој што завршуваа парите и исчезнуваат парите од „Рекет“ во кој што главен лик би требаше да биде претставен Бојан, Боки 13.
Нема ништо од зафат кој што треба да значи напредок кон исполнување на цели, исполнување на задачи зададени од ЕУ за напредок кон ЕУ, односно добивање на датум. Се предлага закон за јавно обвинителство кое што треба да претставува една амнестија за учесниците во „Рекет“, една награда да обезбеди една награда за нив, напредување за учесниците во „Рекет“ и секако избегнување на казната на државната мафија со продолжување на оној дел што се вели политички прогон против опозициската мисла. Такво нешто не верувам дека ќе добие датум за преговори за жал и за несреќа на граѓаните на Република Македонија“, одговори Стоилковски.
Comments are closed for this post.