Планот Б и евентуалните интервенции во законот за Советот на јавни обвинители повеќе не е во игра – да не остане дека не ви кажав дека Планот Б беше приказна за „мали деца” од квази-правници, напиша на Фејсбук Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во статусот истакнува да не се потценува интелегенцијата на народот.
„Ова не е ВМРО од времињата кога СДСМ добиваше на „зелени маси”, а народот не беше прашан, ова не е ВМРО од времето на Пржино, а СДСМ го нема ветерот во грб на кој тогаш едреа. Тоа време помина“! Истакнува Јанушев.
Тој смета дека ќе се донесе законот за Јавото обвинителство и оти ќе се прифатат сугестиите и барањата на ВМРО-ДПМНЕ, кои се во насока на донесување модерен закон.
„Не измислуваме “топла вода”, обидите на бандата од СДСМ за дефокус за наводни амнестии не поминува никаде! Закон со кој ќе се почитува владеење на правото и правната држава, со примена на светските и европските конвенции за заштита на човековите права – тоа го бара ВМРО-ДПМНЕ и нема да отстапи од истото!
Едноставно е, ќе мора да се откажат од унапредувањето на Катица Јанева кое го бараа, да се откажат од префрлање на кадарот на урнисаното и мртво СЈО во новиот оддел на ЈО и ќе мора да поддржат независен обвинителен систем. Ако “соберат сила” тоа да го прифатат, ќе има нов Закон за ЈО“, нагласува Јанушев.
Тој притоа не исклучива дека со еден таков нов закон да се пофали Заев дека сето ова било негова идеја.
„Да, да, бесрамно на прес-конференција на која ќе каже дека за тоа се залагал од почетокот. Веќе го научивме човекот дека лаже-суши и нема мака, но поважно е државата да добие правда.
Сега или потоа – правдата ќе дојде“, објави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.