Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Монголија на 80 годишнината од битката на Халкин Голу, која заврши со победа на Сојузот и Монголија над Јапонија.
Разговорот помеѓу рускиот претседател и лидерот на Монголија, Халтмагин Батулга се одржува во државниот дворец, но не во кабинетот, туку во јурта (шатор) и тоа на петтиот спрат од палатата.
Рускиот лидер изјави дека помеѓу народите на двете држави постојат братски односи.
Во поствоениот период односите се развиваа на најдобар начин, беа карактеристични токму по квалитетот, а тука мислам на сојузништвото, на фактички, братските односи помеѓу народите, нагласи Путин.
Тој наведе дека двата народи ги обединува јубилејниот датум од битката на Халкин Голу.
Советскиот Сојуз своевремено одлучно ја подржа Монголија заради надворешната агресија, но и Монголија одговори на поканата на СССР за време на Големата татковска војна. За време на Втората светска војна направија сè што беше во нивна моќ, како би го поддржале Советскиот Сојуз во борбата против нацизмот, рече шефот на руската држава.
Претседателот на Русија, Владимир Путин допатува во Улан Батор, прстолнината на Монголија. Повод за посетата на лидерот е 80 годишнината од битката кај Халкин Голу, која се заврши со победа на советската и монголскта војска над јапонските сили.
Путин в Улан-Баторе. Официальная церемония встречи гостя президентом Монголии pic.twitter.com/VwkRDtOJ8j
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) September 3, 2019
Comments are closed for this post.