Кавгањето на претседателот на Бразил, Жаир Болсанару, со францускиот претседател, Емануел Макрон заради пожарите во Амазон можеби се стиша, но сега бразилскиот претседател е во нова фаза против се што е француско. Тој рече дека повеќе нема да користи пенкала Биц. Зошто? Затоа што и тие биле француска марка?!

„Од денес повеќе нема да потпишувам официјални документи со Биц“, кажа кратко и јасно тој вчера на една церемонија на потпишуање документи.

Новинарите се обратија до неговиот кабинет за да потврдат дали навистина е тоа така, или е само шега, но од Кабинетот одбиле да дадат одговор.

Инаку, пенкалата Биц се произведуваат во Бразил во фабриката во градот Манаус во Амазон каде се вработени на една илјади работници.

Компанијата Биц одби да го комернтира гестот на Болсанару.