Француската полиција употреби водени топови против 400 демонстранти кои протестираа против средбата на врвот на Г7 во Биариц. Полицијата ги затвори и патиштата во соседниот град Бајон.
Протестите во Бајон беа во најголем дел мирни, но на крајот денонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со камења. Полицијата возврати со предупредувачки истрели, а потоа и со водени топови.
Инцидентот беше во близина на мост во градот што беше затворен од полицијата како дел од мерките за безбедност во врска со средбата на Г7 во Биариц.
Chaos consumes #G7 protest in #Bayonne despite ban pic.twitter.com/GB1U2ZvLjy
— Ruptly (@Ruptly) August 24, 2019
Comments are closed for this post.