Околу ноември годинава треба да почне постапката за изградба на мостот што треба да ги поврзува општина Аеродром со населбата Ќерамидница, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Како што истакна првиот човек на главниот град, тоа е проект што ќе се одвива во фази, односно дел по дел како ќе созреваат работите.
Целта на тој проект е да се отвори нов сообраќаен коридор, што ќе им овозможи на граѓаните, пред се на тие од општина Аеродром, нов излез од општината кон центарот на градот, покрај практично единствениот во моментов, тој кај Транспортниот центар.
Comments are closed for this post.