Најдобриот играч на светот, српскиот тенисерот Новак Ѓоковиќ во првото коло на УС Опен ќе игра против Шпанецот Роберто Карбаљеса Баене, одлучено е на денешната ждрепка.
БРанителот на титулата во второто коло го очекува натпревар против подобриот од дуелот на Сем Квери против Хуан Игнасио Лондер, додека во третата рунда може да се сретне со некој од српските тенисери.
Во истиот дел од ждрепката на Ѓоковиќ се наоѓа и Јанко Типсаревиќ, кој во првата рунда ќе игра против домашниот тенисер Денис Кудле.
Во тој дел од „костурот“ е и Душан Лајовиќ, кој натпреварите ги започнува со дуел против белгиецот Стива Дарсиса.
Доколку Типсаревиќ и Лајовиќ успешно го поминат првото коло, ги очекува српски дуел во втората рунда, а победникот од таа средба ќе биде ривал на Ѓоковиќ во третото коло.
Во делот на Ѓоковиќ се и Ласло Ѓере и Миомир Кецамовиќ, а најсериозен ривал е Швајцарецот, Стен Вавринка.
Ѓоковиќ во четврт финалето може да се сретне со Русинот Данил Медведев, додека потенцијален ривал во полуфиналето може да биде Швајцарецот Роџер Федерер.
Четвртиот грен слем во сезоната на програмата е од 26 август до 9 септември.
Comments are closed for this post.