Катица Јанева не се осеќала виновна!? Веројатно целава работа која „демек” траела 4,5 часа, всушност траела 5-10 мин, чисто да се запазат формалностите, а останатите 4 саата уствари Јанева и Русковска кафе си пиеле, се вели на Фејсбук Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во исто време додека овие пијат кафе, излегува главна вест дека УЈП вршела контрола во Чаир. Wooow!!! Незамисливо! Или ова е главна вест затоа што е прв пат во овие 3 години откако криминално-рекетарскава Влада на Заев и СДСМ хараат низ Република Македонија?!?“, додава тој во објавата полна со сарказам.
И за крај, се шегува Јанушев, вели „Владата донела мерки за запирање на т.н. “африканска чума” кај дивите свињи. Главната мерка е да се убијат 4000 диви свињи за 10 дена или 400 на ден!!! Ловџиите со контра-предлог: да се повика Чак Норис бидејќи само тој може да убие 4000 диви свињи за 10 дена“!
Comments are closed for this post.