Сланината и чварките, сè уште се сметаат за „сиромашна храна“, а не за деликатес. Но,ако се суди според цените, ова е храна со врвен квалитет. Сланината и чварките се до четири или пет пати поскапи од килограм свинско месо во Србија, пренесуваат српските медиуми.
Цените се такви, што сланина се купува и по 100 грама, Чварки јадам како лубеница, во сезона, односно кога малку ќе им падне цената, изјавил еден пензионер во Нови Сад.
Предраг Аврамовиќ, извршен директор на месна индустрија во Нови Сад, вели дека чварките и сланината се деликатеси и никогаш не биле евтини.
Чварките и сланината се деликатесни производи и тоа е една од причините што имааат таква цена. Во исхраната се користат на разни начини, а и со вино кое овде го пиеме многу, одат како алва. Секако се јаде умерено и малку, изјави Аврамовиќ за српските медиуми.
Производителите велат дека цената е диктирана од тоа колку е популарен производ. Факт е, додадоа тие, дека сланината и чварките се производи кои денес имаат голема побарувачка.
Comments are closed for this post.