Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ.
Хоспитализираниот веќе 10 дена е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му била дијагностицирана во Градската општа болница „8 Септемви“ во Скопје.
„Нема никаква промена во здравствената состојба на пациентот. Нема прогрес. Чекаме да видиме колку ќе успее да се рехабилитира пациентот. Нема новозаболени од западнонилска треска, рече д-р Стевановиќ.
Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.
На Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата што е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.
Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита.
Comments are closed for this post.