Костадине, наместо да се мачиш и да седиш по цел ден на тастатура, дојди овде пред камерите, да се соочиме со аргументи. Па да им одговориш на граѓаните дали си толку гласен, затоа што твои фотографии и тонски записи се најдени во телефонот на твоето другарче Боки Тредичи? Дојди Костадине тука пред камери кажи им на граѓаните, дали и во кои два големи градови во една наша соседна држава си се забавувал до раните утрински часови со другарчето Боки Тредичи? Чии пари си трошел таму, доколку си бил, праша Стоилковски.
Стоилковски постави и други прашања, како на пример, колку пари Костадинов наместо за плочки во зградата на Интерни клиники завршиле за луксузните забави со Боки Тредичи, дали неморалните и развратни забави се животот, што го ветуваа!?
Доколку Заев се плаши од тоа да не се дознае дали чантата со милиони завршила на Илинденска бр. 2, дали ти се плашиш да не го дознаат граѓаните твојот неморален карактер? Излези Костадине не се плаши. Тука пред новинарите ќе им кажеш на граѓаните, не мачи ги и и нив, но и себе да доаѓаат по двапати. И секако за крај Костадине, го делиш ли ставот на Зоран Заев за Боки Тредичи, праша Стоилковски.
Comments are closed for this post.