Имаме легетимитет и те како да расправаме за предлогот. Легитимитот да се бара во изборни програми е во целост погрешно. Паѓа во вода се што вие зборите дека немаме право да расправаме. Вашето незадоволство потекнува од фактот што некои други го решија прашање што вие не успеавте да го решите, му реплицираше независниот пратеник Павле Богоевски на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија димовски.
Богоевски го праша Димовски која е алтернативата за Македонија ако пропадне Договорот во Преспа.
Димовски одговори дека алтернативата за Преспанскиот договор би било Собранието да го одземе мандатот на Владата за преговарање за промена на Уставот, потоа да се побара стратешко партнерство со ЕУ и НАТО, со сите права и обврски, освен правото на глас, се додека не се реши прашањето околу името со Грција.
Тоа е планот Б, само вие не сакате да го видите, истакна Димовски.
Comments are closed for this post.