Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека размената на затвореници со Русија е првиот чекор во процесот за запирање на конфликтот во регионот Донбас.
Тој рече дека со неговиот руски колега Владимир Путин договорил размена на затвореници и додаде дека се надева на скорашна средба во „нормандиски формат“, во која Франција и Германија ќе учествуваат заедно со Украина и Русија, за да се стави крај на конфликтите меѓу украинските и проруските сили.
Зеленски рече дека се преземени чекори за да се стави крај на таа „страшна војна“.
Врз основа на договорот меѓу Зеленски и Путин, 35 украински затвореници, меѓу кои и 24-та морнари уапсени во инцидентот во Керченскиот Теснец и режисерот Олег Сенцов, се ослободени од затворот во Москва. Денеска тие пристигнаа во Киев со лет од Москва, а меѓу другите, ги пречека и Зеленски.
Comments are closed for this post.