Пакистански официјални лица го предадоа индискиот пилот, кој го заробија откако беше соборен неговиот авион. Пилотот до граничниот премин Вагах е одвезен со конвој, кој тргнал од источниот пакистански град Лахор, следен од воени возила.

Од индиската страна на границата, индиски полицајци, носејќи турбани на главата, се построија покрај патот додека група граѓани мафташе со знаменца на својата земја и во знак на добредојде истакнаа голем венец од цвеќе.


Претходно, денеска пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши рече дека предавањето на индискиот пилот претставува „гест на мирот со цел деескалација на состојбата.

Куреши, исто така, рече дека викендов го откажува состанокот со министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка во Абу Даби, бидејќи на состанок е повикан и шефот на инндиската дипломатија.

Пакистан на 27 фавруари соопшти дека срушиле два индиски авиона, само ден откако индиски борбени авиони извршија воздушен напад на пакистанскиот дел на Кашмир, во знак на одмазда за самоубиствениот напад на индиските трупи во кој загинаа најмалку 40 војници.