18 годишен тинејџер од Германија, добил возачка дозвола, но само по 49 минути откако му била издадена , полицијата му ја одзела. Момчето се враќало од успешно положениот возачки испит , кога полицијата од градот Хемер го запрела поради пребрзо возење. Тој возел речиси двојно побргу од дозволеното , односно поминал покрај полицајците со ласерски радари со брзина од 95 километри од дозволените 50 километри на час.
Момчето се возело во автомобилот со уште четвроица пријатели , пред кои најверојатно сакал да се покаже.
Полицијата веднаш му ја одзела дозволата и најави дека ќе му ја врати откако тинејџерот ќе плати скапо за преполагање на возачкиот испит.
Освен тоа , ќе плати и казна од 200 евра , а периодот во кој како млад возач може да вози сам од две , ќе му се пролонгира на четири години. Освен тоа , кога ќе извади нова возачка дозвола , во неа ќе му впишат и два негативни поена.
Comments are closed for this post.