Конфликтот околу регионот Нагорно-Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан тлее околу 30 години. Сега повторно избувнаа вооружени судири – најтешки од 2016 година наваму. Двете страни прогласија воена состојба, пишува Дојче веле.
Тешките борби меѓу ерменските бунтовници и Азербејџан продолжија рано утрината поради деценискиот територијален спор. Официјалните лица во отцепениот регион Карабах изјавија дека загинале вкупно 32 нејзини борци.
Портпаролот на ерменското министерство за одбрана изјави дека „интензивните борби продолжиле во текот ноќта“, додека претставниците на министерството за одбрана во Карабах потврдија дека загинале уште 15 борци, со што вкупниот број на воени жртви достигна 32 откако ескалираа судирите во неделата.
Comments are closed for this post.