Виетнам ќе ги тестира сите жители на градот Хо Ши Мин за појава на нов вид на коронавирус и ќе воведе нови мерки на социјално дистанцирање.
Ваквата мерка во градот со 13 милиони жители уследи по појавата на нов кластер кој е поврзан со религиозна мисија.
Виетнам досега беше релативно успешен во контролата на коронавирусот, но бројот на нови случаи се зголеми во последните неколку недели. Официјални лица викендов предупредија на нова многу опасна мутација на вирусот, откриен во оваа земја.
Владата соопшти дека новиот вид е комбинација од претходните соеви на коронавирус, кои за првпат беа откриени во Индија и Британија, и лесно се пренесуваат преку воздух.
Досега се регистрирани над 7.000 заразени лица во Виетнам, додека 47 лица починале како резултат на инфекцијата со новиот сој на Ковид-19, но последниот кластер учествува со повеќе од половина од вкупниот број на заразени лица.
Најновиот фокус во градот Хо Ши Мин е насочен кон религиозната мисија, од каде се појавиле најмалку 125 позитивни случаи на коронавирусот и од каде потекнува најголем дел на лица заразени со коронавирус во градот.
Оние што живеат во близина на кластерот се веќе тестирани и тие се во изолација.
Официјалните лица сега планираат да ги тестираат преостанатите 13 милиони жители на градот Хо Ши Мин. Со стапка на тестирање од 100.000 на ден, на властите ќе им требаат повеќе од четири месеци да ја завршат оваа работа, според Би-Би-Си.
Comments are closed for this post.