Шесткатната зграда во градот Меделин, каде што некогаш живееше колумбиски нарко-бос Пабло Ескобар е разнесена во експлозија во обид на властите да се борат против неговата заоставштина. На тоа место ќе биде изграден парк, во знак на сеќавање на жртвите на криумчарите на дрога.
Зградата Монако, лоцирана во богата населба во вториот по големина град во Колумбија, беше уништена во спектакуларна експлозија што создаде огромен облак од црвена прашина. Таа беше еден од неколкуте домови на Ескобар, којшто се смета за одговорен за околу 6.000 убиства.
Нарко-босот, кој годишно заработуваше милијарди долари, беше убиен во 1993 година на покривот на зградата во истиот град, на возраст од 44 години.
Зградата Монако беше дел од туристичките рути на тема – животот на Ескобар, многу популарни во тој град.
WATCH Pablo #Escobar‘s home blown to pieces in #Colombia https://t.co/sPI7Ked5V6 pic.twitter.com/RnCBH4JDsO
— RT (@RT_com) February 23, 2019
Колумбискиот претседател, Иван Дуке, го нарече уништувањето на зградата победа на културата на легалност.
Денеска, зградата падна и надежта се издигна. Невозможно е да се смени минатото, но можеме да изградиме подобра сегашност и подобра иднина – изјави Дуке во изјава за колумбиските медиуми.
The infamous building in #Medellín that was drug kingpin #Pablo #Escobar‘s home was demolished by #Colombia. It will be replaced by a memorial to honour victims killed under his reign of terror. pic.twitter.com/ybgjZnlh2M
— editorji (@editorji) February 23, 2019
Comments are closed for this post.