Полицијата на Чиле забрани употреба на ласерско оружје со кое се повредени илјадници луѓе за време на протестите, а повеќе од 200 се здобија со повреди на очите.

Директорот на полицијата Марио Росас, кој претходно беше критикуван за употреба на сила против демонстрантите, изјави дека ласерското оружје ќе се користи само во екстремни случаеви кога се загрозени животите на цивилите и полицијата.

Во Чиле веќе 33 дена се протестира за економската и социјална еднаквост. Обединетите нации, Меѓуамериканската комисија за човекови права, Интернешнл амнести и Организацијата за заштита на човекови права ја истражуваат употребата на прекумерна сила од страна на полицијата врз демонстрантите.