Бразил во вторникот забележа повеќе од 450.000 смртни случаи од Ковид-19, објави Министерството за здравство.

Во последните 24 часа во Бразил починаа 2.173 лица, а забележани се 73.453 новозаболени од корона вирус.

Од почетокот на пандемијата во Бразил од тој вирус починаа 452.031 лице, а според официјалните податоци повее од 16 милиони луѓе досега се заразиле со Ковид-19.