Ретка мутација на коронавирусот се појави во Бордо во Франција.

По утврдувањето на кластер од најмалку 46 луѓе во квартот Бакалан во Бордо, француските здравствените власти сакаат да го вакцинираат целиот кварт, јави дописникот на МИА.

Варијантата „не е отпорна на вакцинација”, според Беноа Елебуд, директор на Регионалната здравствена агенција на Нувел-Аквиетн.

Кластерот, беше забележан во четвртокот, но бројот на заразени може да се зголеми затоа што започна голема масовна кампања за тестирање на северот од Бордо.

Заразувањето се случило на семејните собири на 8 мај, пренесува радиото Франс Блу. Вирусот потоа се прошири во училиштето Шарл-Мартин, каде десет деца беа позитивни. Училиштето е затворено.