Едно лице е убиено, а четири се повредени во пукање што се случило во 3 и 43 часот наутро по локално време во западниот дел на Чикаго.

Неколку часа претходно, во 1 и 20 часот по локално време, во пукање во парк биле ранети четири момчиња и три девојки, објави „Чикаго Сан-тајмс“. Полицијата соопштила дека засега непознато лица или лица отвориле оган од црн „шевролет камаро“ кој бил во движење. Еден од ранетите е во критична состојба.

За неколку часа ова е трет вооружен напад во САД. Напаѓач во Дејтон, Охајо, со автоматска пушка застрела девет, а рани најмалку 26 луѓе, а неколку часа претходно во Тексас беа убиени 20, а ранети 26 лица.