Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави изјавата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека неговата доверба во Трамп е непроменета и дека целта на Пјонгјанг да ја заврши денуклеаризацијата до истекот на Првиот претседателски мандат на Трамп.
„Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун објави дека има непоколеблива доверба во претседателот Трамп. Му благодарам на претседателот Ким. Заедно ќе ја завршиме работата!“ порача Трамп на Твитер.
Севернокорејската новинска агенција КЦХА јави дека Ким Џонг Ун истакнал дека е посветен на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, за што постгнале согласност на неодамнешниот историски состанок во Сингапур.
Comments are closed for this post.