Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 450 илјади домаќинства во јапонскиот град Чиба и понатаму се без струја поради силниот тајфун Факсаи кој трае веќе трет ден.
Силниот тајфун предизвика големи жештини и недостаток на вода заради што десетици луѓе побарале помош во болниците, пренесуваат јапонските медиуми.
Тајфунот Факсаи, со силина на ветровите од 215 километри на час, се смета за еден од најсилните тајфуни кои го погодиле истокот на Јапонија, а освен недостаток на струја и вода, во прекин е и сообраќајна мрежа во градските средини.
Тајфунот им го уништи родот на земјоделците, пред се оризовите полиња и фармите за овошје и тоа во очи на жетвата.
Comments are closed for this post.