Суд во Москва денеска го одби барањето на приведениот опозиционер Алексеј Навални да биде предвреме пуштен на слобода поради здравствени причини, откако завчера од затворот беше префрлен во болница, а вчера експресно вратен зад решетки.
На Навални му е одреден 30-дневен административен притвор, откако минатата среда беше уапсен затоа што ги повика жителите и посетителите на Москва да учествуваат во неодобрениот опозициски протест, пренесоа британските медиуми.
Тој во неделата беше примен во болница поради силна алергиска реакција, додека во понеделникот беше вратен во притвор. Неговиот адвокат и матичен лекар вчера тврдеа дека се сомневаат дека бил отруен во притвор.
Бранителот на Навални од судот побара порано да го пушти од притвор поради здравствени проблеми, наведувајќи дека ќелијата во која е сместен може да биде извор за неговата мистериозна болест.
Comments are closed for this post.