Светот го почна своето патување во новата година.
Во Њујорк 2025 година се дочека со традиционалното „паѓање на топката“ на Тајмс Сквер додека конфети и дожд паѓаа врз насобраните стотици илјади луѓе.
Огромен број луѓе ја дочекаа Новата година со огномет и музика и во бразилската метропола Рио де Женеиро. Традиционалниот 12-минутен огномет почна на полноќ на познатата плажа Копакабана.
Претходно, Европа, Азија и делови од Пацификот влегоа во 2025 година со спектакуларни огномети и собири на отворено.
Околу 60.000 славеници се собраа пред Бранденбуршката порта во Берлин каде огнометот го обои небото.
Во Париз, голем огномет на Шанзелизе привлече околу еден милион луѓе.
Обединетите Арапски Емирати ја дочекаа годината со огномет од највисоката зграда на светот Бурџ Калифа во Дубаи.
Во Пекинг се одржаа прослави во поранешна челичарница во западната периферија на градот, додека во Шангај, толпата се собра долж светски познатото шеталиште покрај реката и други локации.
Во кинескиот специјален административен регион Хонг Конг имаше голем огномет над пристаништето Викторија.
Новогодишната ноќ во Кина не се слави толку масовно како на други места, затоа што кинеската Нова година, според лунарниот календар, се смета за многу позначајна. Во 2025 година таа паѓа на 29 јануари.
Во Тајван беше изведено шестминутно шоу од огномет за илјадници гледачи од зградата Тајпеј 101, висока 509 метри. За прв имаше и светлосно шоу, рекоа организаторите.
Киритимати, остров во Тихиот Океан на кој живеат околу 5.000 луѓе, беше првото населено место што ја дочека Новата година, како и секоја година.
Оукланд беше првиот голем меѓународен центар кој ја пречека Новата година, а на полноќ блеснаа знаменитостите на најголемиот град во Нов Зеланд со шоу од светла, ласери и огномет.
Два часа подоцна, Сиднеј влезе во Новата година со својот светски познат огномет над пристаништето, следен од милиони луѓе дома и во странство.
Огномети со осветлија небата и над други поголеми австралиски градови, вклучувајќи ги Мелбурн, Бризбејн и Аделаида.
Во Бангкок, еден од најдобрите начини да види во шоуто беше од бавен брод на реката Чао Фраја. Тајланд, кој го следи будистичкиот календар, ја почна 2568 година.
Во Сингапур, илјадници луѓе го гледаа огнометот во Марина Беј.
Американска Самоа и Ниуе ќе бидат последните земји што ќе влезат во Новата 2025 година, цели 24 часа по Нов Зеланд.
Comments are closed for this post.