Грејс Менг, сопругата на Менг Хонгвеј, поранешниот претседател на Интерпол, побарала азил во Франција за себе и за своите близнаци.
Грејс Менг и нејзините седумгодишни деца живеат во Лион, каде што се наоѓа седиштето на Интерпол, додека нејзиниот сопруг исчезна за време на посетата на Кина.
Во октомври, кинеските власти соопштија дека тој е под истрага поради земање мито.
Неговата сопруга и децата имаат полициска заштита, бидејќи им се заканувале.
Таа, за радио Франс ентер, изјави дека се плаши дека може да биде киднапирана.
„Примив чудни телефонски повици. Дури и мојот автомобил беше оштетен. Двајца Кинези, маж и жена, ме пратеа до хотелот“ – рекла Грејс Менг.
Во изјавите за медиумите таа одбила да го покаже своето лице поради страв за својата безбедност.
На денот кога нејзиниот сопруг исчезнал, тој и пратил порака да го чека неговиот повик и стикер од нож, што значи опасност.
Од кога тој исчезнал на 25 септември, во јавноста нема никакви детали.
Comments are closed for this post.