Недостаток во системот на британската влада за тестирање и следење на инфицирани лица со ковид 19 може да помогна во ширењето на индискиот вид во Блекбурн, еден од најтешко погодените од пандемијата со коронавирусот  во Велика Британија.

Поради грешка во софтверот, имињата на повеќе од 700 заразени лица и нивните блиски контакти не беа веднаш проследени до локалните здравствени тимови, што овозможи понатамошно ширење на болеста, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Бројот на нерегистрирани случаи е најголем во Блекбурн и Дарвен, каде се верува дека околу 300 луѓе се „изгубени“ во системот за време на грешка во надградба на софтвер. Британскиот весник исто така пишува дека градот Ланкашир се бори со една од највисоките стапки на епидемија на брзорастечкиот индиски вид на вирус. Здравствените тимови во Блекбурн и Дарвин сè уште се обидуваат да пронајдат стотици луѓе кои „исчезнале“ од националниот систем. Двајца локални здравствени службеници во погодените области велат дека тоа значи дека потенцијално заразените луѓе можат да продолжат да се движат низ заедницата без да им биде кажано да се изолираат.

Најновите информации доаѓаат откако податоците на англискиот институт за здравство покажаа дека досега се потврдени 3.423 случаи на индиски вид на вирус, што е зголемување во споредба со 1.313 случаи од минатиот четврток. Тоа е скок од 160 проценти на неделно ниво.