Не секогаш крушката под круша паѓа – синот на Карла Бруни, некогаш првата дама на Франција, Орелиен Ендовен јавно застана зад француската екстремна десничарска партија на изборите за Европскиот парламент.
Има многу контрадктирности, но впеќатливо е што Орелиен (17) е дете од бракот на Бруни со филозофот Рафаел Ендовен, кој по потекло е Евреин. И самиот тинејџер лани водел битка на Инстаграм со антисемитски групи, но сега откако подобро ги анализирал десничарските партии сфатил дека тука им и иускревна слика во јавноста за некои од нив.
Своите политички ставови, овој, инаку, познат јутјубер, ги искажал и во интервју за „Паризиен“.
„Ниту еден медиум не не поддржува, но ние ќе ја продолжиме нашата борба“, изјави Ендовен и додал дека Николас Саркози „воопшто не обрнува внимание на неговите ставови“ и оти неговите идеи „се неважни во однос на ставовите на неговите родители“.
„Го анализирав Франсоа Аселинос и станав се поголем и поголем евроскептик“, изјаву Орелиен, кој се залага за излегување на Франција од Европската унија.
Comments are closed for this post.