Италијанскиот весник „Ла Република“ денес пишува „за уште едно чудо“ на Силвио Берлускони, кој успеа да обезбеди мандат во Европскиот парламент во Стразбур и покрај неговите здравствени и семејни проблеми, а и возраста – има 82 години.

Берлускони беше премиер трипати, а статусот сенатор го загуби заради обвинението за даночна измама во Медиасет групацијата, но сепак се обиде повторно да влезе во политиката и успеа. Мандатот го освои со неговата Форца Италија.

Лани во мај судот му ги врати сите граѓански права, а Берлускони тоа знаеше да го искористи.