Шпанските власти му забранија на некогашниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон да се кандидира на европските избори, закажани на 26 мај, соопшти денеска неговата партија Заедно за Каталонија.
Партијата тврди дека со забраната шпанските власти сакаат да го „замолчат” Пуџдемон, како и Тонија Комина и Клара Понсати, две приврзанички на независноста, кои како и поранешниот каталонски претседател, се во егзил.
Шпанската изборна комисија одби да ја коментира забраната.
Забрана на кандидатурата на Пуџдемон побараа конзервативната Народна партија и либералната партија Граѓани.
Пуџдемон беше водечка фигура при обидот за каталонска сецесија во 2017 година, по што замина од Шпанија за да избегне судско гонење и сега живее во Белгија.
Тој е прв на листата на партијата Заедно за Каталонија за европските избори.
– Целта е, во срцето на институциите кои ги претставуваат европските граѓани, да се слушне гласот на тие кои сакаат независна република Каталонија, изјави неодамна Пуџдемон
Comments are closed for this post.