Германија треба да биде гарант за стабилноста на Европа, која минува низ тешки времиња, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Тој ја изрази својата загриженост во врска со резултатот од вториот круг од француските парламентарни избори, кој ќе се одржи в недела.
„Не треба да се изолираме од светот во овој момент и не треба да се занимаваме само со себеси“, повика Олаф Шолц.
Шолц ова го изјави откако трите партии од германската владејачка коалиција по неколкунеделни преговори денеска успеаја да постигнат договор за федералниот буџет за следната година.
„Трите партии преговараа со чувство на одговорност додека светот се соочува со повеќе кризи“, рече германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек
Comments are closed for this post.